ЗА НАС

 
     Врз основа на одлуката на Народна банка на РМ за објавување на извештаи и податоци од страна на банките (Сл. весник на РМ 134/07), Штедилница АЛ КОСА ад - Штип на ден 11.05.2011 година објавува:

ИЗВЕШТАИ И ПОДАТОЦИ
со состојба на ден
31.12.2010 година

 

Содржина:
  1. Податоци за своето работење
  2. Податоци за акционерот
  3. Податоци за висината на сопствените средства и за адекватноста на капиталот
  4. Податоци за процесот на управување со ризиците

 1. ПОДАТОЦИ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ШТЕДИЛНИЦАТА
Назив Штедилница АЛ КОСА ад
Седиште Штип, ул „Ванчо Прќе“ бб
ЕМБ 5389445
Организациона структура Кликнете овде за да ја видите организационата шема
Број на вработени 5
Преглед на финансиски активности согласно решението за основање и работење од гувернерот на НБРМ

Кликнете овде за да го видите решението
- Да прибира денарски штедни влогови од физички лица;
- Да одобрува кредити на физички лица и на поединци кои вршат дејност без својство на правно лице;
- Да зема кредити од банки и штедилници
- Економско-финансисни консалтинг;
- Да одобрува кредити на правни лица преку банка;
- Директно да кредитира банки и штедилници;
- Директно да кредитира правни лица.
Преглед на финансиски активности кои ги врши Штедилницата - Прибирање денарски влогови од физички лица;
- Кредитирање на физички лица, вршители на дејност, како и правни лица;
- Давање и земање кредити од банки и штедилници;
- Менувачки работи.
Преглед на финансиски активности, за кои од страна на гувернерот на НБРМ е изречена забрана или ограничување за нивно вршење

Штедилницата нема изречено забрана од страна на гувернерот на НБРМ за вршење активности

2. ПОДАТОЦИ ЗА АКЦИОНЕРСКАТА СТРУКТУРА
Назив Баргала ад
Седиште ул. „Гоце Делчев“ бр. 44 - Штип
Правна форма Акционерско друштво
Претежна дејност Производство на кожени обувки
Процент на учество во вкупниот број на акции 100%
Процент на учество во вкупниот број на издадени акции со право на глас во Штедилницата 100%
3. ПОДАТОЦИ ЗА СОПСТВЕНИТЕ СРЕДСТВА И ЗА АДЕКВАТНОСТА НА КАПИТАЛОТ
Почетен капитал кој е запишан во Централниот регистар 18.832.330,00 МКД
(309.746,00 ЕУР)
Број на акции по род и класа 6.058 обични акции со право на глас
Номинален износ на акциите 51,13 ЕУР
Опис на карактеристиките на основните компоненти на сопствените средства

Превземете го извештајот за сопствени средства

Сопствените средства ги сочинува основниот капитал утврден согласно Методологијaта за утврдување на адекватноста на капиталот.

Компоненти на основниот капитал се номиналната вредност на запишаните и уплатени обични акции и резервите. Позициите кои се дел од основниот капитал ги исполнуваат следните услови:
а) Се безусловно неповратни;
б) Се во целост и веднаш на располагање за покривање на ризиците и загубите за време на работењето на штедилницата;
в) Се во целост и неограничено расположиви за покривање на загубата и на обврските на штедилницата спрема нејзините доверители во случај на стечај односно ликвидација на штедилницата.

Износот и компонентите на основниот капитал утврден согласно Одлуката за Методологија за утврдување на адекватноста на капиталот

Превземете го извештајот за сопствени средства

Основниот капитал на штедилницата изнесува 29.496 илјади денари и се состои од:
• Номинална вредност на обични акции:18.832 илјади
денари;
• Резервен фонд:
10.664 илјади денари
 

Износот и компонентите на дополнителниот капитал I и дополнителниот капитал II

Превземете го извештајот за сопствени средства

Нема дополнителен капитал I и дополнителен капитал II

Видот на одбитните ставки од основниот каитал и дополнителниот капитал и нивниот износ

Превземете го извештајот за сопствени средства

Нема одбитни ставки

Вкупен износ на сопствените средства

Превземете го извештајот за стапката на адекватност на капиталот

Вкупниот износ на сопствените средства изнесува 29.496 илјади денари

Адекватноста на капиталот со состојба на 31.12.2010 година

Адекватноста на капиталот изнесува 93,39%

Висината на капиталот потребен за покривање на кредитниот ризик

Превземете го извештајот за активата пондерирана според кредитниот ризик

Капиталот потребен за покривање на кредитниот ризик изнесува 2.527 илјади денари

Висината на капиталот потребен за покривање на валутниот ризик

Превземете го извештајот за капиталот потребен за покривање на валутниот ризик

Нема

Висината на капиталот потребен за покривање на пазарниот ризик

Превземете го извештајот за капиталот потребен за покривање на пазарниот ризик

Нема

Висината на капиталот потребен за покривање на ризикот од промена на цената на стоките

Превземете го извештајот за капиталот потребен за покривање на ризикот од промена на цените

Нема

Висината на капиталот потребен за покривање на надминувањето на лимитите на изложеност

Превземете го извештајот за капиталот потребен за покривање на надминувањето на лимитите на излезност

Нема

4. ПОДАТОЦИ ЗА ПРОЦЕСОТ НА УПРАВУАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ
Стратегии и процеси на управување со секој поединечен ризик

Стратешкиот пристап и процесот на управувањето со ризиците го опфаќа идентификувањето, оценката, мерењето, следењето и контролата на сите видови ризици. Составен дел на деловната политика на штедилницата е стратегијата за преземање и управување со следните ризици:

а) Управувањето со кредитниот ризик Штедилницата го врши преку јасна поделба на надлежностите и одговорностите меѓу носителите на кредитната активност и оние кои се надлежни за управување со кредитниот ризик.
      Под кредитна активност, кредитна изложеност и кредит се подразбира секоја трансакција која генерира кредитен ризик.
      Кредитен ризик е ризик од загуби на кои подлежи штедилницата, поради неможноста нејзините клиенти да ги  измируваат своите обврски кон неа, во предходн одоговорениот износ и рокови;
      Во политиката за управување со кредитен ризик, кредитната политика и процедурите за начинот на одобрување кредити е дефиниран кредитниот процес почнувајќи од одобрување на кредитот, следење на кредитот и идентификување , мерење, следење, контрола или намалување на кредитниот ризик.   

б) Управувањето со ликвидниосниот ризик Штедилницата го врши преку идентификација , мерење , следење и контрола на ликвидносниот ризик согласно обемот и сложеноста на финансиските активности кои ги врши, а со цел непречено , непрекинато и навремено извршување на достасаните обврски.
      
Под управување со ликвидносниот ризик се подразбира управување со активата и пасивата на начин што ќе овозможи навремено и редовно плаќање на обврските, во нормални или во вонредни услови на работење на Штедилницата.
       Како база за управување со ликвидниосниот ризик претставува политиката за управувањеа со ликвидносен ризик и воспоставениот информативен систем преку кој се обезбедуваат податоци за:

-      резидуална договорна и очекувана рочна структура на побарувањата и обврските;

-     за најголемите депоненти и кредитори и нивото на концентрација на обврските;

-     за проектираните ликвидносни потреби и изворите на финансирање на ликвидносните потреби;

-      за стабилноста на депозитите;

-      за готовинските текови на Штедилницата во одреден временски период.

в) Управување со оперативниот ризик Штедилницата го врши преку редуцирање на ризикот на остварување на загуби поради:

-     несоодветни или слаби интерни процеси;

-     несоодветни лица и несоодветни слаби информативни системи;

-     надворешни настани.

            Оперативниот ризик е дефиниран како ризик на остварување на загуби како последица на неадекватни или погрешни интерни процеси, поради грешки на вработените,грешки на системот или поради влијанието на надворешни настани.
           Оперативниот ризик го вкучува и правниот ризик , кој претставува тековен или иден ризик врз добивката и сопствените средства предизвикан од прекршување или непочитување на законските и подзаконските прописи, договори и погрешно толкување на прописите , правилата и други правни документи.

г) Управување со ризик од концентрација на изложеност се врши преку процедурите за начинот на одобрување кредити, политиките и процедури за идентификување и следење на поврзани лица и политиките и процедурите за лимити на изложеност , Штедилницата врши идентификување , мерење, следење и заштита од ризикот од концентрација на кредитна изложеност. 
       Ризик од концентрација претставува секоја поединечна директна или индиректна исложеност или збир на изложености кои можат да предизвикаат загуби кои би можела да го загрозат натамошното работење на штедилницата
      
Коцентрацијата на изложеност се следи преку воспоставениот информативен систем преку кој се изготвуваат извештаи за концентрација на изложеноста по :

- поединечно лице, група на поврзани лица и лица поврзани со  Штедилницата;

- дејност, географска локација и сектори.

        д) Управување со ризик од промена на каматни стапки  се дефинира со  политика за управување со ризик од промена на каматни стапки  каде што се врши оцена на ризикот кој произлегува од рочната неусогласеност на каматоносната актива и пасива.
        Ризик од промена на каматните стапки во портфолиото на банкарските активности претставува ризик од загуба кој произлегува од неповолните промени на каматните стапки.
       
Ризикот се дефинира преку вршење на редовно стрес-тестирање на влијанието на големите промени (шокови) во каматните стапки врз добивката и сосптвените средства.

        Воедно и преку информативниот систем се обезбедуваат податоци за:

- висината и структурата на каматоносната актива и пасива;
- изложеноста на штедилницата на ризикот на каматна стапка по рочност.
 

       ѓ) Управувањето со репутацискиот ризик штедилницата го дефинира преку:

- заштита на личните податоци на комитентите кредитокорисници или депоненти што е составен дел од договорите за кредити и депозити
- програмата за имплементација на мерки и дејствија за спречување на перење пари и финансисрање на тероризам;
-  заштита од злоупотреба од страна на вработените.

        Репутациски ризик е тековен или иден ризик врз добивката или сопствените средства на штедилницата кој произлегува од неповолните согледувања на клиентите, доверителите, акционерите, инвеститорите и регулаторите за работењето на штедилницата .

          Управниот одбор ги контролира условите за работа на вработените да работат во насока на создавање на добрата слика на штедилницата во јавноста како и почитување на регулативата и респонзивност на укажувањата и барањата од регулаторните и супервизорски органи.

      е) Управувањето со стратегиски ризик штедилницата го врши преку контрола  и следење на:

-  надворешните извори на стратегиски ризик како што се : конкуренцијата, промените во информациската технологија, промани во регулатива и сл. и
-  внатрешните извори на стратегизки ризик како што се : организационата поставеност, работните процеси и процедури за вработените и сл.

Стратегиски ризик е тековен или иден ризик врз добивката или сопствените средства на банката кој произлегува од промените во деловното опкружување, негативните деловни одлуки, несоодветно спроведување на одлуките или недоволната респонзивност на банката на промените на деловното опкружување.

 

Структура и организација на функцијата на управување со ризици

      Организацијата на системот на управување со ризиците се воспоставува на следните хиерархиски нивоа.
     
- Стратешко ниво- функцијата на управување со ризиците се остварува од страна на Управниот одбор. Управниот одбор ја: одобрува стратегијата за преземање  и управување со ризици; ги одобрува политиките за преземанје и управување со ризици; ги разгледува извештаите за профилот на ризичност на штедилницата; ги одобрува лимитите на изложеност на пооделен ризик; и сл.
     -
Макро ниво- функцијата на управување со ризиците се остварува од страна на директорот на штедилницата;
Директорот ги : воспоставува  и ги спроведува соодветните процедури за идентификување,оценка, следење, контрола или намалување на ризиците; го воспоставува информативниот систем како и системот за исвестување на Управниот одбор во врска со евентуалните надминувања на пропишаните лимити на изложеност на одделните риици и врши други активности согласно Законот за банки.
    - Микро ниво- активностите со управувањето со ризиците се извршува од страна на лицата кои во секојдневното работење преземаат ризици.

Структура на системот за мерење на ризикот и системот за внатрешно известување Систем за мерење на ризикот
Системот за мерење на ризикот е дефиниран со соодветните политики и процедури за управување со одделните ризици.

Кредитен ризик
Мерењето на кредитниот ризик на Штедилницата се заснова на воспоставени нивоа на рангирање на кредити од А до Д, каде секое ниво носи одреден степен на резервирање од можна загуба од оштетување, односно 0-10%, 10,1- 25%, 50,1%-75% и 75,1-100% соодветно на рангирањето.
Овој систем ја зема предвид способноста на позајмувачот да ги исполни обврските за исплата на каматата и главнината, соодветниот ризик во дејноста како и соодветните обезбедувања. Штедилницата ја следи својата изложеност на кредитен ризик на поединечна основа.

Ликвидносен ризик
Ликвидносниот ризик се квантифицира преку следење на рочната структура на билансните ставки и следење на придржувањето кон интерно утврдените ликвидносни индикатори.

Систем за внатрешно известување
Системот за внатрешно известување е воспоставен врз основа на барањата на Законот за банки, како и на политиките за управување со ризиците. Воспоставениот информативен систем дава можност за навремено и точно изготвување на извештаи за изложеноста на кредитен ризик, ликвидносен ризик како и на ризикот од промена на каматни стапки. изготвените извештаи се доставуваат до Директорот и Управниот Одбор на штедилнцата, со динамика приспособена на потребите на внатрешното известување.
 

Политики за заштита и намалување на ризикот, како и процедурите за следење на ефикасноста на извршувањето на овие политики За заштита и намалување на ризикот Штедилницата има усвоено:

- Политика и процедуре за управување со кредитен ризик;
- Кредитна политика и процедури за начинот на одобрување кредити;
- Политика и процедури за управување со ликвидноста и ликвидносниот ризик
- Политика за управување на ризикот од каматните стапки;
- Политика за управување со ризиците
- Политики и процедури за управување и процена на оперативниот ризик
- Политики и процедури за за лимитите на изложеноста
- Политики и процедури за идентификување и следење на поврзаните лица
- Политики и процедури за сметководствениот и регулаторниот третман на преземените средства и нивна продажба врз основа на ненаплатени побарувања
- Политики и процедури за работа со депозити на население
- Политика и процедури за спроведување на внатрешната контрола
- Политика и процедури за вршење на внатрешната ревизијаконтрола
- Политика и процедури за користење услуги од надворешни лица
- Основни правила и принципи за заштита на личните податоци
- Програма за имплементација на мерки и дејствија спречување на перење пари и финансирање на тероризам
Опис на политиката за вршење исправка на вредноста и за издвојување посебна резерва Политика за вршење на исправка на вредноста и издвојување посебна резерва
За правилно управување со кредитниот ризик се имаат предвид:
- кредитната способност на комитентите;
- уредноста во измирувањето на обврските од страна на клиентот; и
- квалитетот на обезбедувањето.

Штедилницата врши класификација на изложеноста на кредитен ризик на поединечна основа за сите изложености на кредитен ризик.
Согласно постојаните законски одредби, Штедилницата ја класифицира изложеноста на кредитен ризик во следните категории на ризик:
Во ризична категорија “А” се класифицира изложеност на кредитен ризик спрема:
- клиент чија сегашна финасиска состојба и проценетите идни парични приливи не го доведуваат во прашање неговото натамошно работење ;
- клиент кој измирувањето на обврските спрема штедилницата ги извршува во рок на достасаност или со задоцнување најмногу до 30 дена;
- изложеност на кредитен ризик која целосно е обезбедена со првокласни инструменти за обезбедување.
Во ризична категорија “Б” се класифицира изложеност на кредитен ризик спрема:
- клиент за кој штедилницата оценила дека паричните приливи ќе бидат доволни за целосно измирување на достасаните обврски, без оглед на прикажаните моментални финансиски слабости;
- клиент кој своите обврски ги извршува со задоцнување од 31 до 60 дена.
Во ризична категорија “В” се класифицира изложеност на кредитен ризик спрема:
- клиент за кој се проценува дека паричните приливи не се доволни за редовно измирување на достасаните одбрски;
- клиент со неадекватна рочна структура на активата и пасивата;
- клиент чии обврски се реструктуирани;
- клиент кој најчесто ги извршува своите обврски со задоцнување од 61 до 120 дена.
Во ризична категорија “Г” се класифицира изложеност на кредитен ризик спрема:
- клиент кој е неликвиден;
- клиент чии доверители ги отпишале своите побарувања;
- клиент за кој се води стечај или постапка за ликвидација;
- клиент чија наплата зависи од реализација на инструментите за обезбедување;
- клиент кој најчесто ги извршува своите обврски со задоцнување од 121 до 270 дена.
Во ризична категорија “Д” се класифицира изложеност на кредитен ризик спрема:
- клиент кој своите обврски ги извршува со задоцнување подолго од 270 дена или воопшто не ги извршува;
- клиент кој е во стечај а нема соодветно обезбедување;
- кредитна изложеност која е предмет на судски спор.

По извршената класификација на изложеност на кредитен ризик се утврдува сегашната вредност на идните парични текови кои ќе настанат врз основа на активните билансни побарувања и се врши соодветана исправка на вредноста на тие побарувања.
Износот на исправката на вредноста се утврдува како разлика помеѓу сметководствената вредност на билансните побарувања и нивната сегашна вредност (проценет надоместив износ).
Сегашната вредност на активните билансни побарувања се добива со дисконтирање на очекуваните идни парични текови по тие побарувања со примена на ефективната каматна стапка утврдена согласно договорот за кредит.
Врз основа на сегашната вредноста на активните билансни и вонбилансни побарувања, штедилницата врши исправка на вредноста во рамките на следните граници:
- од 0% до 10% од изложеноста на кредитен ризик класифицирана во категорија на ризик”А”;
- од 10% до 25% од изложеноста на кредитен ризик класифицирана во категорија на ризик”Б”;
- од 25% до 50% од изложеноста на кредитен ризик класифицирана во категорија на ризик”В”;
- од 50% до 75% од изложеноста на кредитен ризик класифицирана во категорија на ризик”Г”;
- од 75% до 100% од изложеноста на кредитен ризик класифицирана во категорија на ризик”Д”;

Утврдениот износ на дополнителна или ослободена исправка на вредноста на одделно побарување, сметководствено се евидентира во билансот на успех на соодветна сметка за исправка на вредноста на кредити и пласмани.
 
Износ на изложеноста на кредитниот ризик, пред и по извршената исправка на вредноста, односно по издвоената посебна резерва Белешка бр.2.1 од финансиските извештаи
Просечна изложеност на кредитен ризик со состојба 31.12.2010 и изложеноста по одделни категории на ризик Белешка бр.2.1А - Анализа на максималната изложеност на кредитен ризик од финансиските извештаи
Износ на достасани кредити со состојба на 31.12.2010 Редовна достасана главница 535 илјади МКД
Износ на изложеностите на кредитен ризик за кои е извршена исправка на вредноста, односно е издвоена посебна резерва Белешка бр.2.1А - Анализа на максималната изложеност на кредитен ризик од финансиските извештаи
Секторска дистрибуција на изложеноста на кредитен ризик – изложеност кон банки, други финансиски институции, нефинансиски институции, домаќинства, држава, непрофитни институции кои им служат на домаќинствата, нерезиденти Белешка 22.2 - Кредити на и побарувања од други комитенти од финансиските извештаи
 
Резидуална договорна рочна структура на изложеноста на кредитен ризик (со рок на достасување до и над една година) Табела 2.2 Ризик на ликвидност од финансиските извештаи

Анализа според достасаноста на финансиските средства и обврски (преостаната рочност)
 

Структура на изложеноста на кредитен ризик по дејности Белешка 2.1 В - Концентрација на кредитниот ризик по индустриска гранка и по географска локација од финансиските извештаи
Износ на преструктурираните побарувања согласно со Одлуката за супервизорските стандарди за регулирање на достасаните а ненаплатени побарувања на Банката

Нема

Движење на исправката на вредност односно издвоената посебна резерва во текот на периодот со состојба на 31.12.2010, односно:
- Состојба на почетокот на периодот
- Извршена дополнителна исправка на вредноста, односно издвоена посебна резерва
- Ослободување на исправката на вредноста, односно на посебната резерва
- Отписи во текот на периодот
- Состојба на крајот на периодот
Белешките: 22.2 и 25 - од финансиските извештаи

ДЕНАРСКО ШТЕДЕЊЕ

КАМАТНИ СТАПКИ
(на штедни влогови)

КРЕДИТИРАЊЕ
(потрошувачки кредити)

КРЕДИТИРАЊЕ
(на население со хипотека)

КРЕДИТИРАЊЕ
(на правни лица)

КАМАТНИ СТАПКИ
(ефективни и номинални)

МЕНУВАЧКО РАБОТЕЊЕ

КОНТАКТ